Shquip

За нас

  • 1978 година во Струга со успех е изведена првата хемодијализа на првиот вештачки бубрег – апарат Родиал.
  • 1979 година набавен е и вториот вештачки бубрег – Унимат – Белко.
  • 1979 година за прв пат е договорена т.н. Холидеј – дијализа за пациенти од Белград – Србија.
  • 1981 година Холидеј дијализата се прошири и со пациенти од Клиничкиот Центар – Љубљана и тогаш се нарекуваше Дијализа на одмор.
  • 1981 година успешно е изведена првата перитонеална дијализа при хронична бубрежна слабост.
  • 1981 година започна со градба новиот Центар за Дијализа.
  • 1984 година пуштен е во употреба новиот Центар за дијализа.
  • 1985 година добиен е првиот апарат за ултразвучна дијагностика во Струга.
  • 1988 година во Струга на Холидеј Дијзализа пристигнаа група на пациенти од Белгија. Овој тренд на пораст на холидеј дијализата продолжи и во наредниот период со пациенти од Либија, Германија...
  • 1993 година Заводот беше посетен од Директорот на Светската здравствена организација Д-р Хироши Накаџима.
  • 1993 година отворено е Уролошкото одделение во состав на Заводот.