- Почетна
- За нас
- Патологија
- Лекарски колегиум
- Организациона структура
- Соработка
- Документи
- Огласи
- Контакт
Партизанска бб
6330 Струга
Тел: (046) 782-727; 781-108
Факс: (046) 781-206
Што да очекувате од Заводот за нефрологија?
- Високо-квалификуван персонал
- Модерна опрема
- Обратна осмоза
- 24-часовна медицинска здравствена нега
Освен пациенти од Р. Македонија во Заводот за нефрологија – Струга се лекуваат и пациенти од Р. Албанија, Косово и Србија.
Значајно е да го истакниме фактот дека заводот има склучувано договори со соодветни здравствени институции од Белгија и Германија, како би овозможиле беспрекорни медицински здравствени услуги на странски туристи како и на македонски граѓани кои живеат во странство. Доколку тие за време на летните одмори престојуваат во нашата земја, тие можат да бидат споени со т.н. “програма за дијализа на одмор”. Оваа програма се изведува во модерен објект лоциран покрај брегот на Охридското Езеро и е опремен со најсовремена апаратура која ги задоволува пропишаните светски здравствени стандарди и критериуми. Благодарение на експертскиот тим во заводот, на пациентите им е пружена најдобрата медицинска здравствена нега.
Охридскиот аеродром е на само 9 км од Струга и има секојдневни врски со сите делови на светот.